Не заборавајте да пријавите данок на додадена вредност

22

Само 615 од вкупно 7.399 даночни обврзници досега поднеле пријави за данок на додадена вредност (ДДВ), соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

– Ова покажува дека значителен број обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска – велат од УЈП, од каде што апелираат навреме да се исполни оваа обврска.

Рокот за поднесување даночна пријава за ДДВ е до 25 ноември (понеделник), а по овој рок, доколку проценат даночниците, ќе следуваат и казни.

– Навременото поднесување на ДДВ-пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, за одржувањето на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата – велат од УЈП.