Од Зоолошката информираат дека пред неколку дена била реновирана внатрешната просторија на гибоните и дека бил сменет и целиот стар покрив кај крокодилите. – Реконструиран е делот на лизгачките врати во живеалиштето за лавови, како и дел од терариумот што вклучува базен за џуџестите крокодили, ентериерот во терариумите за влекачи, а бојадисан е и ѕидот во внатрешниот дел на објектот за посетители – потенцираат од Зоолошката градина.
Оттаму додаваат дека интензивно се работи и на поправка на ентериерот и греењето во внатрешното живеалиште на сибирските тигри, а нивна желба е да обезбедат сибирски тигар, јагуар и леопард мажјаци, како и нови видови мајмуни и птици (тамарини, ибис птици)
Зоолошката градина се подготвува за зимската сезона. Оттаму велат дека во моментов се вршат поправки и реконструкција на повеќе внатрешни живеалишта. Притоа, информираат дека пред неколку дена била реновирана внатрешната просторија на гибоните и дека бил сменет и целиот стар покрив кај крокодилите.
– Реконструиран е делот на лизгачките врати во живеалиштето за лавови, како и дел од терариумот што вклучува базен за џуџестите крокодили, ентериерот во терариумите за влекачи, а бојадисан е и ѕидот во внатрешниот дел на објектот за посетители – потенцираат од Зоолошката градина.
Оттаму додаваат дека интензивно се работи и на поправка на ентериерот и греењето во внатрешното живеалиште на сибирските тигри.
Од Зоолошката градина најавуваат дека е планирано во блиска иднина да се започне со реконструкција на живеалиштето за мечки, за копитари (бизон, зебра, алпаки), потоа да се реконструираат покривите на живеалиштата на мајмуните патаси и на јагуарот, како и оградата во живеалиштето за кенгури.
– Реконструкцијата на наведените живеалишта би требало да започне во 2025 година – истакнаа од Зоолошката градина.
Што се однесува до носењето нови животни во Зоолошката градина, оттаму велат дека се во фаза на преговори со зоолошки градини од балканските држави и од Европа со кои, како што велат, имаат одлична соработка.
– Се работи за животни од кои веќе имаме единки што се сами. Желба ни е да обезбедиме сибирски тигар, јагуар и леопард мажјаци, како и нови видови мајмуни и птици (тамарини, ибис птици) – наведуваат од Зоолошката градина.
Инаку, советниците од Зелен хуман град поднесоа иницијатива за мораториум за носење нови животни во Зоолошката градина, но градските советници ја одбија со образложение дека тоа ќе значи клуч на врата на оваа институција и дека треба да се работи на нејзина модернизација.
Според информациите во иницијативата, причина за мораториумот е тоа што, според достапните информации, во Зоолошката градина, во 2022 и во 2023 година, пцовисале вкупно 18 животни, и тоа: два волка, златен фазан, две жирафи, тигрица, два лемура, три пржевалски коњи, еланд антилопа, црн лебед, три пингвини, џуџеста коза, берберска овца и белоглав стрвинар.
– Бевме сведоци и на масовно колење на 10 коња, со образложение дека биле болни. Во сите овие случаи, никој не понесе одговорност, ниту имаше правна разрешница, освен разрешувањето на директорот Кристијан Стаменов во јули 2022 година – стоеше во иницијативата.
Како дополнителна причина беше наведено и тоа што скопската Зоолошка градина го загуби кандидатскиот статус во ЕАЗА, со официјално образложение дека сè уште не ги исполнува стандардите за полноправно членство во повеќе области, меѓу кои: безбедноста, образовната сигнализација и планот за едукација, чување на евиденцијата и придонесот за конзервација.
Притоа беше истакнато и тоа дека состојбите во Зоолошката градина не се ништо ново, дека тие постојат со години и дека од година на година прогресивно се влошуваат.
(А.П.)