На 29 години има уште време пред себе, но многумина ќе речат дека Французинот Николас Пепе веќе ги поминал своите најдобри фудбалски години и дека „неговото време веќе помина“.
Пепе беше доведен во Арсенал од Лил, во летото 2019 година, за вртоглави 80 милиони евра. Тоа беше бомбастичен трансфер за „Топџиите“ и веројатно еден од најголемите промашувања во историјата на клубот од северен Лондон. Пепе никогаш не успеа да го пронајде патот на „Емирати“, па беше вратен во Франција и беше продаден во Трабзонспор, а летово заврши во шпански Виљареал. На 11 првенствени натпревари постигна еден гол со две асистенции, а се чини дека не му оди баш најдобро ниту во Шпанија. Иако работите не се толку добри на теренот, тој се чини дека е многу повешт надвор од него.
Во Лондон беше фотографиран со порноактерката Теана Трамп, чие вистинско име е Киана Ничел Џонс. Ниту Пепе ниту, пак, Трамп официјално не ја потврдија својата врска, иако селфито на фудбалерот на Виљареал со актерката од филмови за возрасни ги оживеа гласините, а некои медиуми тврдат дека тие се во врска пет месеци.
how is this an actual real couple pic.twitter.com/XlJ0US72yZ
— (@hak1pr) November 16, 2024