Амбициозниот сопственик на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на крилниот напаѓач од редовите на Манчестер Сити, Џек Грилиш. Репрезентативецот на Англија нема статус на стандарден првотимец во актуелната сезона и затоа големи се шансите да биде продаден на крајот од актуелната сезона.