„Жените на Пучини“ – гала настан во НОБ со изведби на најпопуларните арии на големиот италијански композитор

19

Вечерва, (19 ноември) со почеток во 20.00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.

Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини.

На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со  пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев.

Во фоајето е поставена и изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена „Пучини низ историјата на МОБ“.