За првпат откако и даде зелено светло на Украина: Бајден се огласи на Самитот на Г20 во Бразил

106

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, денеска зборуваше на Самитот на Г20 во Бразил, за првпат откако ѝ даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во руска територија.

Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.

Како што пренесува Би-би-си, тој директно не се повикал на одлуката за одобрување на употребата на ракети со долг дострел од Украина.

„Сите ние мора да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот“, рече Бајден, додавајќи:

„САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, сите на оваа маса треба да го сторат истото.“