Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан пред неколку дена имаа состанок со агентот на францускиот интернационалец Тео Хернандез. Не е тајна дека челниците на Милан сакаат да ја продолжат соработката со офанзивниот бек кој има договор до 2026 година, а доколку ја прифати новата понуда тогаш ќе остане на „Сан Сиро“ до 2028 година и ќе има годишна плата од најмалку 6 мил. евра.