Кошаркарите на Олимпија Милано го победија Партизан со 88:81, во рамките на 10. коло од Евролигата, и тоа беше четврти нивни триумф оваа сезона во елитното натпреварување.

Плејмејкерот на македонската репрезентација е голем обожавател на Партизан, никогаш не го криел тоа. Сега, за српски „Спортклуб“, откри дека никогаш не добил понуда од белградските „црно-бели“, иако ја очекувал.

  • Никогаш немаше ништо конкретно. Тоа би било најреално. Навивав за Партизан, сакав да играм во Партизан, но никогаш немаше „дојди“. Не ми беше понуден договор – изјави Димитријевиќ за „Спортклуб“.

Тој проговори и за својот кошаркарски идол – Милош Теодосиќ.

  • Тоа беше во 2021 година. Хувентуд играше против Виртус, во четврт-финалето на Еврокупот. За првпат во животот почувствував нешто друго. Гледав некој играч во живо, но тоа беше Теодосиќ, знаете. Го гледав уште како дете, му бев најголем обожавател. По натпреварот, му реков дека го сакам неговиот дрес, а потоа зборувавме во Бадалона, 20 минути. Тоа не беше кошаркарски разговор, повеќе допираше до животните приказни. Го гледам и можам многу да научам од него – додаде Димитријевиќ.