Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, доби лоши вести од НБА, бидејќи е казнет со 100.000 долари поради несоодветен речник.
„Но хомо“ беше дел од изјавата пред која НБА не сакаше да замижи и жестоко го казни, како што пренесува секогаш добро информираниот новинар, Шамс Чаранија.
Поради таква причина, во 2018 година, беше казнет и Никола Јокиќ, но неговата казна тогаш беше четири пати помала, односно 25.000 долари.
Ламело игра за Хорнетс од 2020 година и моментално има просек од 29,6 поени, со 44 % шут од поле.