Неказнивоста создава почва за нови престапи 

294

Откако малолетници обија багер во паркот во Капиштец, го стартуваа и возеа, а при тоа оштетија паркирано возило и ги уништија каблите на системот за полевање со реакција на социјалните мрежи се јави и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Тој вели дека социолозите повторно ламентираат дека за малолетничките престапи виновно било „општеството“ (кое за нив е во постојана криза, инаку се губи смислата од постоењето на нивната наука), потоа образованието и родителите.

Додава дека никој не информира за некаков епилог од уништивањето на детско игралиште во истата скопска населба (Капиштец) пред четири месеци од страна на малолетни вандали.

-Тогаш упатив порака до Министерството за внатрешни работи за итно пронаоѓање на вандалите, нивно упатување во поправен дом и надомест на штетата од нивните родители. Изгледа ништо од тоа. Неказнивоста по се изгледа не е феномен кој се однесува само на корумпираните функционери. Тоа создава почва за нови престапи – истакна Славески.