„Одлуката на САД одлучувачка за војната“! Полскиот претседател брутален за потегот на Бајден

162
EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, да и дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за да напаѓа длабоко во руска територија, веројатно ќе биде одлучувачки момент во војната меѓу двата соседи, објави Ројтерс.

„Оваа одлука беше многу неопходна… Русија гледа дека Украина ужива силна поддршка и дека позицијата на Западот е непопустлива и одлучувачка“, изјави Дуда за новинарите.

Дуда нагласи дека „тоа е многу важно“, и дека тоа е „потенцијално одлучувачки момент во оваа војна“.