По 17 дена битка за живот, младата спортистка не успеа! 24.годишна девојка е 15-та жртва во сообраќајна несреќа во Нови Сад

119
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Младата спортистка Ања Радоњиќ (24) од Параќин, за жал, им подлегна на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога врз неа и врз уште 16 лица падна бетонската настрешница тешка неколку тони.

Повредите на Ања беа исклучително тешки, лекарите направија се за да ја одржат во живот, но за жал, таа не издржа – вели изворот на српски Курир. Ања е 15-та жртва на новосадската трагедија, која храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај нејзините млади години и борбата на лекарите, не успеа.

Таа, пишува српскиот медиум, студирала кинески јазик на Филолошкиот факултет во Белград и со години тренирала кошарка, па најблиските верувале во победнички спортски дух, но денеска ги добија тешките вести од кои најмногу се плашеа.

Инаку, големата трагедија во Нови Сад веќе остави во црно 15 семејства, а животот на двајца повредени се уште виси на конец. Покрај Теодора од Кисач, меѓу повредените е и младиот Вукашин Ц. Нивната состојба и денеска не е променета.

В.Д директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов, денеска соопшти дека еден од тројцата тешко повредени од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад починал денеска во 15 часот во Клиничкиот центар во Војводина.

„Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која е најтешко повредена. „И покрај сите напори на докторите на Универзитетот во Војводина, имаше фатален исход“, изјави проф. д-р Весна Туркулов.

Во таа прилика таа изрази сочувство до семејството на починатото девојче и изјави дека борбата за животите на преостанатите преживеани продолжува.