Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потврдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење, пренесе Ројтерс.
Нападот е извршен во населбата Рас ал Наба во централниот дел на либанската престолнина, а не во упориштето на Хезболах во јужните предградија.
Израелската војска не издала никакво предупредување за евакуација пред овој напад.
Либанското Министерство за здравство објави дека првичниот биланс од нападот е еден загинат и тројца ранети.