Главната уредничка на рускиот весник „Народна газета“ Јулија Кузњецова загина денеска при напад на украинско беспилотно летало во областа Куск, соопштија регионалните власти.
„Денеска Јулија Кузњецова, главниот уредник на весникот „Народна газета“ од областа Болшесолдак, трагично загина во овој кварт откако украинско беспилотно летало го гаѓаше нејзиното возило“, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов.
Тој рече дека Кузњецова носела важни архивски досиеја од канцеларијата на весникот и се подготвувала да објави нов напис за моменталната ситуација во регионот, пренесува ТАСС.
Гувернерот додаде дека во нападот со дрон се повредени две лица и се префрлени на лекување во болница.
Пред гувернерот да потврди дека Кузњецова е убиена, началникот на округот Владимир Заицев на Телеграм објави дека едно лице е убиено во областа Болшешолт во областа Курск во напад на беспилотно летало на Вооружените сили на Украина врз службениот автомобил. на локален полицаец, пренесува Танјуг.