Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,7 отсто, на 1,0540 долари, блиску до најниското ниво во една година.
Доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,1 отсто, па неговиот курс достигна 154,30 јени. Во текот на неделата, индексот на доларот се проби над нивото од 107 поени за прв пат во една година.
Ова е последица на пораката дека американската централна банка може да го забави темпото на олабавување на монетарната политика.
Имено, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, на состанокот рече дека економијата се уште стабилно расте, дека пазарот на трудот е солиден, а инфлацијата се уште е над целта од два отсто, па централната банка може, посочи, внимателно да размисли за намалување каматните стапки.
„Економијата не испраќа никакви сигнали дека треба да брзаме со намалување на каматите“, рече претседателот на централната банка.