Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци.
Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, информираше дека со реализацијата на овој проект ќе се растовари сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Тој заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, извршија увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.
-Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за државни патишта ги реализира заедно со Општина Кавадарци – потенцираше Трајановски.