Вчеравечер, во паркот во Капиштец, каде што се изведуваат реконструктивни работи, малолетни лица обиле багер, го стартувале и го управувале, предизвикувајќи штета на паркирано возило.
-Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Направен е увид, а истрагата продолжува – информираат од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека ова бил втор ваков инцидент во овој реон, откако пред неколку месеци беше обиен и ограбен комуналниот пункт на Општина Центар.
Од Општина Центар апелираат до родителите да разговараат со своите деца за последиците од ваквите постапки.
-Јавното добро е за сите нас. Вандализмот мора да запре – децидени се од локалната самоуправа.