Вечерва е почувствуван земјотрес во околината на Струмица

43

Вечерва околу 21 часот и 45 минути е почувствуван земјотрес во околината на Струмица, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Јачината на потресот, според првичните информации, е 3 степени по Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот е 16 километри југоисточно од Босилово, а  се случил на длабочина од осум километри, пренесува ЕМСЦ.