Никол Кидман го „прозва“ режисерот Мартин Скорсезе на елегантен начин, шепнувајќи му да помисли и на неа

175

Холивдската актерка Никол Кидман има работено со многу познати режисери, но еден од најважните не е меѓу нив.

Во едно неодамнешно интервју за „Венити феар“, Кидман беше прашана за нејзиниот говор за прифаќање на наградата за животно дело AFI, во кој таа наведе некои од филмаџиите со кои соработувала. Меѓу нив се Џејн Кемпион, Софија Копола, Стенли Кјубрик и Гас Ван Сент.

„Има ли некој со кого не сте работеле, но со кого би сакале“, беше прашана оскаровката во интервјуто за споменатиот магазин.

Таа имаше подготвен одговор кој гласеше:

„Отсекогаш сум велела дека сакам да работам со Мартин Скорсезе ако тој снима филмови со жени“, рече Кидман.

Познатиот режисер има снимено неколку филмови со главни женски улоги, вклучувајќи ги и „Њујорк, Њујорк“  од 1977 година со Лиза Минели во главната улога и„ Алис не живее овде повеќе“ од 1974 година, со Елен Барстин во главната улога.

Сепак, во повеќето негови филмови, главните улоги во неговите филмови ги добија мажите.

Актерката ја комплетираше својата листа во интервјуто, истакнувајќи дека сака да соработува со режисери како Кетрин Бигелоу, Спајк Џонс, Пол Томас Андерсон и Мајкл Ханеке, пренесува „Си-Ен-Ен“.