Експертите тврдат дека цел живот погрешно ги јадеме бананите: Има само еден правилен начин

102

Веројатно не би каснале јаболко или не би ставиле неколку зрна грозје во уста без претходно да го измиете. Но, што е со овошјето со дебела лушпа што се отстранува пред јадење, како бананите или авокадото? Според експертите за безбедност на храната, ова правило исто така треба да се следи.

„Овошјето кое има дебела лушпа или кора треба да се мие со чиста проточна вода, дури и ако имате намера да ја фрлите“, изјави за „Хафингтон пост“ Тамика Симс, директор за комуникации за технологија за храна во Меѓународниот совет за храна.

Најдобра практика во безбедно ракување со храната е да се намали преносот на нечистотија и микроби што може да се најдат на лушпата на овошјето и може да предизвика болести кои се пренесуваат преку храна. Затоа сите намирници треба да се измијат пред јадење, дури и органската што ја лупите.

„Лушпата од бананите или авокадото и другите овошја со дебела надворешна површина е подеднакво подложни на бактерии како и помеките овошја и зеленчуци со понежни лушпи“, вели Тревор Крег, експерт за безбедност на храна и корпоративен директор за техничка обука во Лабораториите Микробак, кој исто така вели дека Управата за храна и лекови на САД открила листерија и салмонела на кора од авокадо.

Иако подебелата лушпа го отежнува влезот на бактериите и нечистотијата во самото овошје, според Крег, кога ќе исечете авокадо или банана, можете да го турнете ножот во месото што може да се јаде и да го контаминирате, а миењето ја намалува таа веројатност. „Миењето на овошјето не е совршен процес и не го прави стерилизирано, но можете да го намалите ризикот, како и да го отстраните песокот, штетниците, пестицидите и восочниот слој.