Катамаран се насука кај Задар, локалното население со чамци помага во спасување на патниците/видео

96
Фото:принтскрин/видео

Катамаранот „Задарскиот принц“ од Миатурс околу 18 часот и 15 минути се насука на карпа кај Кријал на Премуда.

Катамаранот „Задарскиот принц“ кој го поврзува Задар со Премуда, Силба и Олиба се насука на карпа пред Премуда, првата станица на неговата рута, пишува Задарски.хр.

На бродот имало многу патници кои оделе на продолжен викенд на островите.

Според првичните информации, кои денеска ги пренесе Далмација данас, островјаните од Премуда веднаш реагирале и дошле со чамци да помогнат во спасувањето на патниците. Засега нема официјални податоци за повредени или оштетувања на пловилото.

Јадролинија го испраќа бродот „Владимир Назор“, кој ќе ги собере патниците на Премуда и ќе ги префрли во Задар.