В недела затворени неколку сообраќајници, автобусите ќе сообраќаат по изменет возен режим

57

Од Град Скопје информираат дека в недела, во периодот од од 16:00 до 18:00 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ „Палома Бјанка“ до Црвен крст (улица „Димитрие Чуповски“ и улица „11 Октомври“) и од Собранието до ГТЦ (улица „Филип Втори Македонски“).

Изменети траси ќе имаат линиите: 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линија бр.4: Во насока од населва 11 Октомври кон Хром ќе сообраќаат на тој начин што од улица „11 Октомври“ врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат, десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од булевар „Партизански одреди“ ќе вртат десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.4А: Во насока од Усје кон Тафталиџе ќе сообраќа на тој начин што од улица „11 Октомври“ врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат продолжува право и од кружниот тек кај

католичка црква продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата траса.

Во обратна насока од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по „Јужен булевар“ до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.5: Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат продолжува право и од кружниот тек кај католичка црква продолжува по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата траса.

Во обратна насока од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.7: Во насока од Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по улицата „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од булевар „Партизански Одреди“ врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улицата „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.15: Во насока на Ново Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од булевар „Партизански Одреди“ врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улицата „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр.21, 21A, 21Б и 22: Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково ќе сообраќаат така што кај Комплекс банки продолжува по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока се движи по истата променета траса.

Линија бр.23: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј до Дом на печат.

Во обратна насока од булeвар „Мајка Тереза“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.24: Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе ќе сообраќаат на тој начин што кај подвозникот врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од булевар „Партизански Одреди“ врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Железничка“ и продолжува по својата траса.

Линија бр.27: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат.

Во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Железничка“, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр. 50, 50А, 57 и 59: Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од стојалиштето на Битпазар вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мостот „Гоце Делчев“ и булевар „Блаже Конески“ продолжуваат по своите редовни траси.

Во обратна насока се движат по истите променети траси.