Џенифер Лопез приреди спектакуларен настап на ревијата „1001 Seasons of Elie Saab“ која се одржа во Ријад. По разводот со Бен Афлек и откажувањето на нејзината турнеја „This Is Me…“, Џеј Ло се појави на настан во Саудиска Арабија во сребрено боди со длабоко деколте, каде што ги испеа некои од нејзините најголеми хитови.
На овој начин таа му оддаде почит на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, кој со модна ревија прослави 45 години работа во светот на модата.
Враќањето на сцената во Ријад ја покажа охрабрената Лопез која ја запрепасти публиката, излегувајќи на платформа која беше делумно украсена со бели пердуви. Наскоро на сцената и се придружија бројни танчери, додека на сцената шетаа модели.
JENNIFER LOPEZ PERFORMS IN RIYADH AT ELIE SAAB FASHION SHOW
Jennifer Lopez delivered a show-stopping performance in Riyadh, Saudi Arabia, during the prestigious Elie Saab Fashion Show, blending global entertainment with high fashion in a historic event.#JenniferLopez… pic.twitter.com/hI0jwgepiv
— Info Room (@InfoR00M) November 15, 2024
Лопез се појави на сцената пеејќи го текстот на песната „I Will Survive“ од легендарната Глорија Гејнор, а после тоа ги отпеа песните „Waiting For Tonight“, „On the Floor“ и „Let’s Get Loud“.