„Потече“ топлина во новиот топловод под мостот „Беласица“

64

Новиот топловод под мостот „Беласица“ е целосно ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија. Поставувањето на новите топловодни цевки беше завршено во рекордно краток период, помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина.

– Иако првично беше предвидено привремено приспособување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците во текот на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постојниот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција – изјави Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.