EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Големата награда на Монако ќе остане во календарот на Формула 1 до 2031 година, откако беше постигнат договор за продолжување на соработката.

  • Воодушевен сум! Улиците на Монте Карло се уникатен и препознатлив дел од Формула 1, а Големата награда на Монако останува трка на која сите возачи сонуваат да победат – изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Според новиот договор, трката во Монако ќе се одржи во првиот викенд од јуни 2026 година. Следното издание на трката ќе се одржи на 25 мај следната година, кога ќе се навршат 75 години од дебито на трката во Формула 1.

На годинашното издание на трката победи возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој воедно е роден во Монте Карло.