Сестрата на Александар: Полицијата ни наметнуваше теории дека Вања побегнала

691

Сестрата на Александар Ѓорчевски, Оли Нешковиќ, сведочеше пред судот дека како семејство биле разочарани од истрагата на полицијата и затоа сами почнале да бараат снимки од камери. Рече дека на снимките не е видено девојчето и тоа како семејство ги навело да мислат дека Вања е грабната.

Сестрата на Александар беше видно вознемирена на прашањата од обвинителството поврзани со работниот однос на Александар и за неговата зависност од дрога од пред 25 години кога бил и на лечење.

Нешковиќ сведочеше дека полицијата во станица и поставила прашање “Дали снаата била во врска со Љупчо Палески”, на што таа одговорила негативно. Рече дека Гоце Трајковски ја поврзал снимката со цитроенот на Панче бидејќи го забележале на неколку места. На ред да сведочи е Кираца Трајковска мајката на Гоце кој не се појави на суд поради паничен напад. На почетокот рече дека е во кумски врски со Ѓорчевски, а во роднински врски по жената на Палевски.

(П. А)