Спречен нов 11 септември во Америка? Маж планирал акција по примерот на нападот на Светскиот трговски центар

ФБИ уапси маж од Тексас поради основано сомнение дека планирал терористички напад сличен на оној од 11 септември 2001 година.

295

Дваесет и осумгодишниот Анас Саид од Тексас во Соединетите Американски Држави, е уапсен во четвртокот во Хјустон под сомнение дека планирал терористички напад сличен на оној од 11 септември 2001 година, кога беше извршен еден од најголемите напади досега во Америка, пренесува британски „Дејли“ Мејл“. Специјалниот агент на ФБИ Даглас Вилијамс за американските медиуми изјави дека „од улиците е тргнат осомничениот терорист“.

Саид наводно планирал да го изврши терористичкиот напад од неговиот стан во Хјустон. Истрагата утврдила дека тој конкретно истражувал како да изврши напад врз локални воени центри.

„Запревме потенцијален терористички напад овде во Хјустон. Секој ден кога можеме тоа да го кажеме јавно, е добар ден. Ова апсење е важен чекор во одржувањето на заедницата безбедна и мирна“, соопшти канцеларијата на ФБИ во Хјустон.

На 11 септември 2001 година се случи терористички напад на кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк и на зградата на Пентагон. Ал Каеда е одговорна за нападот.

Според официјалните извештаи, 19 членови на оваа организација упаднале во кабините на четири авиони и ја презеле контролата. Еден авион беше киднапиран над Охајо и падна на западната страна на Пентагон, а четвртиот авион беше упатен кон Вашингтон, но падна во поле во Пенсилванија.