Погрешен родителски потег видлив на долги стази: Овој начин на казнување го саботира правилниот развој на детето

70

Поради честото „терање в ќош“, детето ќе прерасне во возрасен човек кој ќе избегнува и најмал конфликт и дискусија, наместо да комуницира и да се соочи на каков било начин со некого или нешто.

Австралискиот психолог Кервин Раен, кој често се занимава со родителство на своите семинари и работилници, вели дека методот на воспитување „терање в ќош“ може дополнително да го влоши однесувањето на децата.

На конференцијата на која се појавил и самиот Раен, татко, објаснил дека ваквото присилување во ќош во воспитувањето на детето дава само краткорочни резултати.

– Кога ќе ставите дете во ќош за казна, во тој момент ќе го добиете она што го сакате, детето да се смири, но некаде до 14-тата година на детето ќе сфатите дека воспитувате ‘бунтовник’ , вели тој. Тој објасни дека, кога го воспитуваат детето, родителите го „тренираат“, односно го учат како да се однесува во одредени ситуации, но со тоа што ќе го пратат во ќош, нема да научи како да се справува со своите чувства, туку ќе научи да се затвора, да се исклучи и ќе молчи и страда поради неговото лошо однесување.