Познатиот швајцарски производител на чоколади Линдт се најде во центарот на колективната тужба во Соединетите Американски Држави за криење на високи нивоа на тешки метали во својата чоколада, како што се олово и кадмиум.
Имено, против овој производител била поднесена тужба поради резултатите од анализата од 2022 година, спроведена од организацијата Consumer Reports, а истражувачите анализирале 28 коцки темно чоколадо, вклучувајќи го и Lindt, и со тоа откриле високо ниво на олово и кадмиум, пренесува greenMe.
Иако Lindt не беше единствениот бренд со висока концентрација на тешки метали, чоколадото на швајцарската марка покажа најлоши резултати. Темното чоколадо на Lindt од 85 проценти имало нивоа на олово и кадмиум кои значително ги надминуваат безбедносните граници – дури 166 проценти олово и 80 проценти кадмиум, што предизвикува загриженост во САД.
Линдт се обиде да ја блокира колективната тужба, тврдејќи дека не се работи за лажно рекламирање, бидејќи тие никогаш не тврделе дека нивните производи не содржат тешки метали. Соочен со обвинувањата, Линдт се обиде да ја намали сериозноста на ситуацијата, тврдејќи дека описите како што се „извонредност“ и „стручно направени со најдобри состојки“, кои се наоѓаат на пакувањето на неговата чоколада, треба да се сметаат за претерани.
Сепак, Окружниот суд во Њујорк ја отфрли оваа одбрана, наведувајќи дека таквото рекламирање може да ги заведе потрошувачите да веруваат во квалитетот на производот.
Контаминацијата на чоколадата со тешки метали претставува сериозен проблем, но постојат можни решенија.
Тие вклучуваат избор на почви со пониски нивоа на овие метали (истражувачите открија дека зрната какао апсорбираат кадмиум од почвата, кој се акумулира во зрното додека расте растението), спроведување на побезбедни земјоделски техники и производствени процеси. Некои брендови спроведуваат редовно тестирање за да обезбедат безбедност и да истражуваат иновативни алтернативи, како што се зрната какао „одгледани во лабораторија“.