Вкусната пита со јаболка и мед, или карамел по желба, е идеален десерт за деновите во постот. Оваа пита ќе го задоволи најсилниот копнеж за слатко, а е лесен и здрав десерт. Се подготвува брзо и едноставно, па дури и почетниците во кујната успеваат.
Состојки:
1 кг. јаболка
1 пакување кора за пита
3 големи лажици мед
1 шака шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 рака брашно
1 дл зовриена вода
1 мала лажица цимет
1 грст излупени ореви
1 шака суво грозје
Подготовка:
Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката, не треба да ги исцедувате од сокот за да не се исуши питата. Измешајте мед со малку кисела вода, ситно исечкајте ги оревите.
Плехот во кој ќе ја печете питата посипете го со малку брашно и вклучете ја рерната, оставете ја да се загрее на 200°С и потоа одозгора ставете ги ренданите јаболка.
Јаболката посипете ги со цимет, ванилин шеќер, ореви и суво грозје наполнетите кори свиткајте ги во ролат и наредете ги во плех, па одозгора посипете ги со остатокот од киселата вода.
Питата печете ја во веќе загреаната рерна половина час, а кога ќе се олади можете дополнително да ја засладите со шеќер во прав.
Ако ви се допадна питата со јаболка, можете да направите и сочна пита од карамел со јаболка.