Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе заземе поинаков пристап кон Блискиот Исток за време на неговиот втор мандат, објави турската телевизија НТВ.
„Нашата надеж е дека Трамп овојпат ќе преземе многу поинакви чекори кон регионот, бидејќи пораките што се испраќаат одвреме-навреме не загрижуваат“, изјави Ердоган на новинарите за време на повратниот лет од главниот град на Азербејџан, пренесува Ал Џезира.
Односите меѓу Турција и САД се влошија за време на првиот мандат на Трамп поради несогласувањата околу Сирија, особено американската поддршка за курдските милитанти таму, и поради американското осудување на извршниот директор на Халкбанк, банка под државна контрола, за кршење на санкциите против Иран.
Во 2020 година, администрацијата на Трамп, исто така, воведе санкции кон Турција за купување на руски систем за воздушна одбрана.