Алексеј Зимин (52), познат руски ТВ готвач, е пронајден мртов во Србија во стан во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, на неговото тело нема знаци на насилна смрт.
Сепак, Вишото обвинителство нареди обдукција со токсикологија. Според неофицијални информации, сопственикот на станот, седум дена не можел да го добие телефонски, па отишол да види што се случува и на подот затекнал грозоморна сцена.
За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој беше сопственик на ресторанот Зима во елитниот дел на Лондон – Сохо.
Кој е „рускиот Џејми Оливер“ кој беше пронајден мртов во Белград?
Зимин наводно не се вратил во Русија откако беше прогонет по критикувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне Крим.