Решена мистеријата за „рускиот шпионски кит“

143

Мистеријата зошто китот белуга се појави на брегот на Норвешка, кој носел ремен што содржи држач за камера, можеби конечно е решена. Белиот кит, кој мештаните го нарекоа Хвалдимир, се појави во медиумите пред пет години кога се шпекулираше дека е руски шпион.

Експертот за овој вид китови, Олга Шпак, вели дека верува дека китот навистина и припаѓал на војската и избегал од поморска база во Арктичкиот круг, пишува Би-Би-Си.

Но, таа не верува дека тој бил шпион, туку дека бил обучен да ја чува базата, а тој избегал бидејќи бил „хулиган“.

Русија никогаш не потврди или негираше дека белугата бил обучен од нејзината војска. Но, д-р Шпак, која работела во Русија на истражување на морски цицачи од 1990-тите до враќањето во родната Украина во 2022 година, е убедена во тоа.

„За мене тоа е 100 проценти сигурно“, изјави Шпак за Би-Би-Си.

Мистериозниот кит првпат го привлече вниманието на јавноста пред пет години кога им пријде на рибарите на северниот брег на Норвешка.

„Китот почна да се трие од чамецот. Слушнав за животни во неволја кои инстинктивно знаеја дека им треба помош од луѓето. Мислев дека ова е еден паметен кит. Да се види ваков кит беше невообичаено бидејќи белугата е многу питома и ретко се забележува на југ. Китот носеше и ремен со држач за фотоапарат на кој на англиски јазик беше испишано „Опрема Санкт Петербург“, вели за БиБиСи, Џоар Хестен, еден од рибарите.

Рибарот Хестен го припитомил китот, кој потоа допливал до блиското пристаниште Хамерфест, каде што живеел неколку месеци. Го крстија Хвалдимир, од хвал што значи кит на норвешки и Владимир, името на рускиот претседател Путин.

Руски кит „шпион“ пронајден мртов крај норвешкиот брег