Во Србија метео аларм поради две опасни појави!

148

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на својата веб-страница ја објави временската прогноза за следните два дена и предупредуваат на снег и мраз за четврток, 14 ноември.

Ова предупредување укажува на потенцијално опасно време поради зголемената снежна покривка за четврток. Поради снег на патиштата може да дојде до проблеми во сообраќајот и транспортот.

„Прогнозираните временски појави не се невообичаени, но потребна е внимателност доколку планирате активности кои се изложени на метеоролошки ризик. Треба да продолжите да бидете информирани за очекуваните метеоролошки услови. Не преземајте непотребни ризици“, се наведува на веб-страницата на РХМЗ.