Владата заврзано ја крои новогодишно-божикната кошничка која ќе биде со дефиниран список со производи и цени. За таа цел, во тек се средби со трговците и дистрибутерите, а производите што ќе влезат во неа се оние што најмногу поскапуваат за време на празниците.

Во јавноста излезе информација дека цените на основните прехранбени производи ќе се намалат за 10 проценти, а граѓаните за празниците ќе можат да купат поевтино месо и сувомесни производи, јужно овошје, како и одреден вид стограмски млечни чоколади. Трговците брифираат дека сè уште не се знае дали и новогодишните пакетчиња ќе бидат дел од празничната потрошувачка набавка.

Во кошничката како и претходно нема да влезат алкохолните пијалаци, пивото, чоколадите што содржат јаткасти производи, апетисаните, но и тортите и колачите, бидејќи се сметаат за луксузна стока.

Есенската кошничка заврши на 31 октомври и таа содржеше 73 производи, со намалена бруто-профитна маржа за 10 отсто. Но, граѓаните речиси и не видоа некој поголем ќар од претходната мерка. Од СДСМ, побараа Владата да се откаже од новогодишната кошница и предложија да се укине ДДВ-то за овие производи.