Започнуваат средби со граѓани за креирање на буџетот за 2025 година

19

Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година. На средбите што ќе се одржуваат во текот на ноември во основните училишта, ќе прусуствува в. д. градоначланикот Дејан Митески, заедно со претставници на Општина Аеродром.

Аеродромци ќе можат да ги дадат своите предлози и идеи и да дискутираат на теми поврзани со буџетот за наредната година во следните денови: 13 ноември – подрачно ООУ „Гоце Делчев“ (Долно Лисиче), 14 ноември, четврток-– ООУ „Браќа Миладиновци“, 15 ноември – ООУ „Гоце Делчев“, 18 ноември – ОУ „Блаже Конески“, 20 ноември – ООУ „Димитар Македонски“, 22 ноември – ООУ „Љубен Лапе“, 26 ноември – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, 27 ноември – ООУ „Александар Македонски“ и 29 ноември – ООУ „Лазо Ангеловски“.

Средбите ќе започнуваат во 19:30 часот, а ќе има и формулари на кои граѓаните ќе можат да ги остават своите идеи во пишана форма. Жителите што нема да присуствуваат на некоја од овие средби, своите предлози имаат можност да ги испратат на е-адресата idei@aerodrom.gov.mk.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2025 година, со што ќе придонесат во создавањето подобри услови за живот и работа во нашата општина.