Татјана Пецакова, дипл. медицинска сестра, болница „Санте Плус“: Есента и новороденчињата

Со добивање на нов член во семејството, родителите имаат безброј прашања, како да се грижат за новороденчето во првиот месец од породувањето. За грижа на новороденче во текот на есенскиот период советува специјализираната медицинска сестра Татјана Пецакова од одделот за неонатологија во болницата „Санте Плус“.

152

Есента е тука, започна променливото дождливо и ветровито време, а сончевите денови се сè помалку присутни.

Новите родители често се во дилема како да го облекуваaт новороденчето во домашни услови, дали се дозволени прошетки и на која температура треба да ја загреваат просторијата во која престојува бебето.

До моментот на породување, бебето се наоѓа во утерусот на мајката, а тоа е идеална средина, со идеална температура, но со самото завршување на породувањето тоа се прилагодува на надворешната средина. Температурата на просторијата во која престојува треба да се движи од 22 до 23 степени, а за време на капењето температурата треба да се зголеми за 2 до 3 степени Целзиусови.

Облеката треба да биде чиста, памучна, да се користат благи детергенти, а омекнувачите да бидат отстранети од употреба. Во домашни услови доволна е двослојна облека (боди и шпихозни), на нозете да се стават чорапи и капче на главата после капење. Прекривачите се задолжителен дел, особено за време на спиење.
Мајките се советуваат да не ги облекуваат бебињата со премногу облека, и да не ја претоплуваат просторијата, во тој случај постои можност да им ја зголемат телесната температура.

Првите 15 денови се време на адаптација, затоа пожелно е и потребно е новороденчето да биде опкружено со мал број на членови кои ќе му бидат на помош. А, воедно, тоа треба да биде и заштитено од евентуални инфекции. По завршувањето на периодот на адаптација, доколку есенскиот ден е сончев, воздухот е чист и нема ветер, добро е новороденчето во краток интервал од 5 до 10 минути да биде на воздух (во двор, на балкон), а тие временски интервали постепено да се зголемуваат кога дозволуваат временските услови.

Новороденчето не треба да се изложува на ниски температури, на магливо и ветровото време, сонцето и природата треба да станат негово секојдневие, а кратките прошетки во природа имаат позитивно влијание за здравствената состојба како на бебето така и на родителите.

Облеката за прошетка во есенските денови треба да биде во неколку слоеви (боди, шпихозни, дуксер или јакна), зависно од надворешната температура. Доколку е во количка, прекривка е задолжителна.

Сончевите есенски денови искористете ги со вашите новороденчиња, сонцето и природата се неошходни за правилен раст и развој на секој човек.

Специјализираната медицинска сестра Татјана Пецакова од одделот за неонатологија и експертскиот тим на болница „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консулација на телефоните +389 71 262 323; + 389 2 511 20 16; +389 71 262 692

ПP објава