Вечерва 11. ноември со почеток во 19 часот во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“
На програмата ќе бидат изведени дела од духовен карактер, македонски народни песни, песни од македонска забавна музика и англиски хитови. Диригент е Катерина Попоска. Музички соработници на концертот на Женски камерен хор „Керамија“ ќе бидат Иле Иваноски пијано, Менде Ташкоски тамбура, Филип Бурнески тарабука, тапан.
Гости на вечерта се поетите Лина Димоска и Филип Димкоски и поп рок хор „BIT VOX“ од Битола под диригентска палка на Марина Коруновска и пијано корепетиција Александрa Ристовска .