Искусните експерти секогаш во тренд: Нова тактика за крадење автомобили во Европа

1142

Крадците на автомобили постојано развиваат нови техники со кои ја усовршуваат својата специјалност. Најновиот пример доаѓа од Португалија, а станува збор за брз и успешен начин на кражба. Како што наведува „Ел Паис“, крадците оставаат хартија, картон или обичен чаршаф на задното стакло од паркираниот автомобил, со што им го блокираат погледот на возачите.

Кога сака да тргне возачот во рикверц, погледот му е блокиран. Според извежбаната навика, возачот тогаш ја повлекува рачната сопирачка и излегува од автомобилот да провери што има на стаклото. Се разбира, крадците сметаат на тоа дека возачите не ги исклучуваат автомобилите, туку го оставаат клучот во бравата.

Во тој момент ја користат можноста да влезат во автомобилот и едноставно да го украдат. Сè се одвива толку брзо и за неколку секунди, жртвата на кражбата останува без возилото и без сите работи за кои се подразбира дека се оставени во автомобилот.

Една од најголемите опасности од новата техника на кражби откриена во Португалија е сопственикот на возилото да се изложи на ризик да биде прегазен или удрен со возилото кого ќе седнат крадците во автомобилот и ќе тргнат да бегаат.

Поради тоа, секогаш се препорачува да биде исклучен моторот пред да излезете од возилото и, се разбира, да го земете клучот со себе.