Совршен за викенд: Пченкарен леб со незаменлив вкус и текстура

61
Пченкарниот леб, како што кажува и неговото име, се приготвува од пченкарно брашно, што му дава специфичен благ и слаткаст вкус, зрнеста структура и впечатлива жолта боја.
Овој вид леб е многу популарен во многу култури, особено во Америка и во некои делови на Балканот.
Состојки:
  • 250 г пченкарно брашно
  • 250 г пченичко брашно
  • лажиче прашок за печиво
  • лажиче сол
  • 2 јајца
  • 300 мл млеко (или 100 мл млеко и 100 мл јогурт за мешана текстура)
  • 50 мл масло (или 100 г растопен путер)

Подготвка:

Во голем сад измешајте ги пченкарното брашно, пченичното брашно, прашокот за печиво и солта.

Во друга чинија, изматете ги јајцата, па додадете го млекото, маслото, и убаво соединете ги.

Полека додавајте ги течните состојки во сувите, мешајќи со дрвена лажица или со миксер на помала брзина додека да добиете компактна маса.

Ако е смесата прегуста можете да додадете уште малку млеко, но внимавајте да не биде премногу течна.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте го тавчето или обложете го со хартија за печење. Сипете ја смесата во тавчето и распоредете ја рамномерно. Печете  околу 45 минути, или додека смесата е печена и внатре кога ќе проверите со чепкалка.