САД: Најмалку десет луѓе починале, а 100 се хоспитализирани поради употреба на имитација на лекот за дијабетес „оземпик“

189
Фото: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT
Најмалку 10 лица починале, а 100 се хоспитализрани по земање на аптекарска имитација на лекот за дијабетес „оземпик“, кој исто така често се користи за слабеење, соопшти денеска производителот на лекот „Ново Нордиск“.
Овие имитации, кои се прават со комбинирање на неколку лекови за слабеење, а кој се често поевтини, ги продаваат таканарелени „медицински бањи“ и аптеки, во текот на недостиг на брендирани лекови низ САД во последните две години.
„Ново Нордиск“ тврди дека овие верзии се направени „со малку прописи или надзор“, што го зголемува ризикот некој да се разболи по употребата, пренесува „Дејли мејл“.
Експертите исто така предупредуваат претходно дека предозирањето може да доведе до опасност од напад, дури и кома, бидејќи лекот може да предизвика многу ниско ниво на шеќер во крвата.
„Ново Нордиск“ ги откри овие случаи откако минатиот месец побара од ФДА да ги забрани комбинираните верзии на лековите „оземпик“ и „вегови“.
Лековите за слабеење се во недостиг повеќе од две години во САД откако во Холивуд порана популарноста на „оземпик“.
Американските прописи им дозволуваат на аптеките да прават сопствени или комбинирани верзии на бредндирани лекови кога ги нема во залиха.
Приврзаниците тврдат дека ова е неопходно да може да се осигура дека луѓето ќе продолжат да примаат леков кои можат да спасат живот и да бидат во тек со дозите.

 

Противејќи се на оваа пракса, извршниот дирекот на „Ново Нордиск“ Ларс Фрургард Јоргенсен изјави дека е „збунувачки“ тоа што на луѓето им е дозволено да си вбризгуваат производ кој не е регулиран или дозволен“, пренесува Танјуг.