Познатиот хрватски музичар непристрасно за зетот Петар Грашо: „Досега успешно ги балансира улогите на татко, сопруг и музичар“

62

Само неколку дена откако Петар Грашо ги зема сопругата и второто дете од породилиште, се огласи неговиот дедо, легендарниот хрватски музичар, продуцент Тончи Хуљиќ.

Музичката легенда не го криеше задоволството кога ја коментираше улогата на Грашо како татко на малата Алба, но и на новороденото момче Тони, кое го доби името по својот дедо Тончи.

Познатиот музичар имал само пофални зборови за својот зет, а се осврнал и на музичките планови на Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

– Досега успешно ги балансира улогите на татко, сопруг и музичар. Тој е многу посветен на семејството, но посветено се подготвува и за голем концерт во Белград – откри Хуљиќ, алудирајќи на настапот на неговиот зет, кој е закажан за 21 март следната година во белградскиот „Сава-центар“.

Се чини дека Грашо успева да ги спои семејните обврски со музичката кариера, додека публиката со нетрпение го очекува неговото враќање на белградската сцена.