Останува уште малку до големиот спектакл и борбата помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол ноќта меѓу 15 и 16 ноември во Тексас. Тајсон ќе се врати во рингот на 58 години, а според неговите тврдења, борбата ја очекува подобро од било кога, а интересот за овој меч е навистина огромен и ги надмина сите очекувања.
Мајк Тајсон гостуваше во подкастот на поранешниот боксер Андре Ворд каде ја најави оваа борба, но и се отвори за голем број теми, меѓу кои и престојот во затвор каде помина три години поради силување. Како што вели, од таму заминал со огромна сума на пари на сметката.
-Отидов во затвор со 15 милиони долари на сметка. Кога излегов, имав помеѓу 300 и 400 милиони долари. Дон Кинг (познат боксерски промотор, ред. автор) и таа екипа постојано доаѓаа и ми носеа договори кои ќе ги потпишам и веднаш ќе заработам сериозни пари – истакна Тајсон, а понатаму објасни како ги добивал парите за разни спонзорски, промотивни и договори за ТВ правата кои ќе станат актуелни кога тој ќе излезе од затвор и ќе се врати во рингот, што се случи во 1995 година. Потоа се борел против Питер Мекнили, а како што пишуваат медиумите во САД, Тајсон само за таа борба земал меѓу 20 и 30 милиони долари.
Тајсон мораше да оди во затвор откако беше осуден на шест години затвор за силување на својата девојка Дезире Вашингтон (18). Тоа се случи во 1992 година, а славниот боксер помина само половина од казната во затвор, иако му се закануваше децениска затворска казна (63 години). Тој беше ослободен по неколку точки, а на крајот излезе од затвор и порано отколку што се надеваше.