Турбо-рок во Скопје со Неле Карајлиќ, „Ван-Гог“ и „Ју-група“ – на 14 декември во „Јане Сандански“

81

Наскоро!

Meсеците ноември и декември се за Скопје време кога има премногу концерти. Да не знае човек, нормално доколку е при пари, на кој од тие настани да појде. Но, затоа тука е “Авалон продукција“ која реши да направи еден поразличен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо-рок!

Во една иста вечер со три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, а кои сепак ќе свират по 90 минутни, секој за себе. На 14 декември во СЦ “Јане Сандански“, со почеток во 20 часот

Лидерот на Новиот примитивизам и фронтменот ,,Забрањено пушење” и на ,,Топ листа надреалиста” – Неле Карајлиќ, во живо со својот бенд, „40 година откако је црк’о Маршал”, ќе го изведува најдоброто од босанското „Забрањено пушење”. Тука е и најнов материјал кој македонската публика досега го нема слушнато во живо!

„Ван Гог“, моментално еден од најголемите и најквалитетни live бендови на регионалната музичка сцена се враќа во Скопје во голема сала после цели 5 години. Со сите хитови кои ја одбележаа нивната 4 децениска кариера.

И за крај, после повеќе од 50 години, големиот бенд и бренд „Ју-група“ конечно со свој концерт во Скопје! „Морнар”, која е сигурнo во топ 10 екс-ју хитови, потоа ,,Чудна шума”, ,,Под златном јабуком”, ,,Дунавом шибају ветрови”, ,,Нешто си ми уморна и бледа”, ,,Одлазим”, ,,Опасно, опасно те волим”, ,,Црни лептир” се дел од 90 минутниот реперотар на класиците на Ју-музика. Влезниците се веќе во продажба, а интересот за нивните настапи е голем.