Љубителите на ММА одбројуваат ситно до пресметката на годината во УФЦ и дуелот меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ, која ќе се одржи на 17 ноември. И додека многумина го гледаат Џонс како голем фаворит во таа борба и навиваат за него, една од најконтроверзните ММА личности на денешницата, Колби Ковингтон, има свој фаворит. Тој застана на страната на Миочиќ.
- Тој е патриот и Американец, тој е пожарникар и вреден работник. Ќе навивам за вистински Американец, човек кој има морални вредности, нешто што Џон го нема. Тој е страшен човек, ја претепа сопругата, веќе знаете за многубројните падови на стероиди, не заслужува да победи, па ќе навивам за Стипе и се надевам дека ќе победи, изјави Колби за австралиски „Submission Radio“.