EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

По осум кола во Евролигата, кошаркарите на Реал Мадрид имаат три победи и пет порази и се 13. место на табелата во елитното натпреварување. „Кралскиот клуб“ веќе е во потрага по нови засилувања, а според информациите на италијанскиот инсајдер Алесандро Луиџи Маџо, прв на пик е Исеa Кординие.

Французинот сезонава бележи во просек по 14,1 поен во Евролигата со 4,7 скока и 3,9 асистенции по натпревар, за индекс од 14,6 во просек.

Наводно, „лос бланкос“ се подготвени да му платат половина милион евра на гигантот од Болоња за плејмејкерот.