Челниците на турскиот суперлигаш Галатасарај не се откажуваат од намерата да го откупат договорот на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен кој моментално престојува во Истанбул како позајмен играч од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи. Раководните лица на Галата се убедени дека договорот на брзоногиот напаѓач може да се откупи со понуда не помала од 50 мил. евра.