УТРЕ Е МИТРОВДЕН: Не кршете го правилото на големиот празник – еве што треба, а што никако не смее да правиме

1060

Православната црква утре го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата).

Именден слават: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век.

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето – ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег. Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во самица каде е мачен и погубен. Солунскиот христијанин тајно го погребале. На местото на неговиот гроб покасно изградија црква, а Димитрија е прогласен за заштитник на градот Солун.

Според преданието, гробот на Димитрија бил облеан со босилок и мир, па затоа и празникот е наречен Митровден.

Култот на св. Димитрија се негува на целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја каде голем број цркви се посветени токму на овој светец. Во 2010-та година, св. Димитрија бил прогласен за светец-заштитник на селото Зрновци.

Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар календар и е обележан во црковниот календар со црвени букви.

Народни обичаи

Народниот обичај наложувал да се остане дома. Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови. Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.