„ЛАДЕН ТУШ“ ЗА ОРБАН ОД ЈОХАНИС: Чиста случајност, или скриена порака?!/ВИДЕО

213

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, пристигна на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, каде беше дочекан од унгарскиот премиер, Виктор Орбан. За време на официјалното добредојде имаше ситуација која молскавично се шири на социјалните мрежи, пренесе Блиц.рс.

Јоханис е еден од многуте светски лидери кои денес присуствуваат на самитот на Европската политичка заедница, додека утре во Будимпешта се одржува самитот на Европската унија.

Овие состаноци се од особено значење затоа што се одржуваат веднаш по победата на Доналд Трамп на изборите во Америка.

Сепак, важниот самит и договорите останаа во сенката на ситуацијата што се случи меѓу Јоханис и Орбан.

Претседателот на Романија му го сврте грбот на Орбан
Имено, Орбан ги поздрави гостите, но дојде до „чуден пресврт“ кога пристигна романскиот претседател Клаус Јоханис.

Тој излегувајќи од автомобилот му сврте грб на Орбан и отиде да разговара со жената за која се претпоставуваше дека е еден од неговите соработници или некој од протоколот.

За тоа време, Орбан застана со кисела насмевка на лицето, додека очигледно му беше непријатно од потезите на романскиот претседател.

Во меѓувреме, Јоханис се сврте кон Орбан, по што се ракуваа, но студениот израз на лицето на претседателот Романија немаше кој не го забележа.

И додека некои шпекулираат дека сето ова е само случајност, дека Јоханис можеби не го видел Орбан кога излегол од автомобилот, постојат другите тврдења за сосема друга симболика што може да се крие зад однесувањето на Јоханис, пренесе Блиц.рс.

Порака до Орбан заради поддршката за Путин?
Јоханис, како претседател на Романија која се наоѓа во близина на Украина, е честопати принуден да се плаши од безбедноста на неговата земја, особено кога остатоците од беспилотни летала или ракети паѓаат на територијата на Романија.

Поради ова, Романија постојано подигнуваше борбени авиони и прогласуваше состојба на воздушна опасност.

Од друга страна, Орбан е еден од ретките европски сојузници на рускиот претседател Владимир Путин и човек кој е познат како „црна овца на ЕУ“.

Многумина веруваат дека Јоханис со оваа постапка јасно му ставил до знаење на Орбан што мисли за неговите блиски односи со Русија, пишува српски Блиц.