Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка беше поразен на Белград опен од Ласло Џере, но после тоа не ја напушти српската престолнина, туку остана и реши да се проба во готвењето.
Стен, како што го нарекуваат откако официјално го смени името, научи да прави едно од најпознатите српски јадења – сарма.
– Ти си како професионален готвач! – му рекол му рекол шефот на кујната на еден белградски ресторан.
– Јас сум само професионален „јадач“ – низ насмевка одговори Швајцарецот. Ова е добра работа во мојот бизнис. Многу патувам и можам да пробам различна храна.
На крајот кога го проба тоа што го направи, Вавринка коментираше:
– Прекрасно! Совршено за пред натпреварот – заклучи насмеаниот Вавринка.
View this post on Instagram